mksqen

Со албански велосипед против загадувањето во Тирана

Со албански велосипед против загадувањето во Тирана

Типографија

Еколошки организации во соработка со градската управа на Тирана отвориле работилница за да се направи албански велосипед.

Со тоа тие очекуваат дека ќе ги поттикнат граѓаните повечќе да користат велосипеди во албанскиот главен град, за да се намали сообраќајниот метеж и загадувањето во него. Според екологистите, патувањето со велосипед е најдобриот начин за транспорт во Тирана поради многу густиот сообраќај. Со тоа, како што велат тие, се одржува телото во форма, но истовремено се штеди простор, време и пари.

  • Алберт Ајнштајн рекол животот е како возење велосипед, за да се задржи рамнотежата мора да се биде постојано во движење - порачуваат активистите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан