mksqen
19
Саб, Јун
0 Нови / 7 дена

Уметница во борба против речното загадување

Уметница во борба против речното загадување

Типографија

Албанската активистка Џентијана Мускај направила изложба од над 40 фотографии од загадувањето на реката Ѓаница.

Целта и била да им ја пренесе на посетителите нејзината загриженост за состојбата со реките. Но освен слики и видео материјали, таа изложила и неколку тегли со вода наполнета од реката.

Ѓаница се смета за најзагадена река во Албанија. Поради индустриското загадување, таа е полна со отпадни масла и со нуспроизводи, а во неа се слеваат и комунални отпадни води. Само неколку минути биле доволни за од теглите да се прошири задушувачки мирис поради отпадните материи во водата.

За Џентијана ниту оваа инсталација не била доволна. Таа донела парчиња облека што се переле со смртоносната вода на Ѓаница. Она што се издвојувало била облеката од новороденче, со што се укажувало дека токму најмладите најмногу страдаат од последиците од загадувањето на реките.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан