mksqen

За Пирин сепак ќе треба еколошка процена

За Пирин сепак ќе треба еколошка процена

Типографија

Сагата со управувањето со националниот парк Пирин во Бугарија продолжи со конфликт меѓу Министерството за животна средина и води и компанијата Пролес, која го изработила планот за управување.

Новата министерка Ирина Костова пред повеќе од една недела изјави дека планот може да се одобри без еколошка проценка, што предизвика големо негодување меѓу заштитарите на природата, кои организираа и протести. Поради овој притисок министерството ја повлече таа одлука и побара да се изготви таква проценка. Но компанијата Пролес тврди дека проценката е веќе направена и им испраќала на медиумите копии од тој документ. Сепак, Министерството одговорило дека тоа што Пролес го испраќа е првичната проценка, а не конечната.

  • Сите тврдења дека сегашниот план нема еколошка проценка се неточни. Неопходната проценка е направена, анализирани се сите потенцијални ризици и предвидени се мерки за да не се дозволи штетно влијание врз природните живеалишта и врз видовите во целиот комплекс - рекол директорот на фирмата.

Министерството, пак, одговара дека процедурата за изработка на првичната и на конечната проценка не е иста, па поради тоа онаа што ја има Пролес не може да биде валидна и мора да се направи нова. Според оваа институција, треба посебно да се направат планови за заштитените зони во паркот, кои припаѓаат на европската мрежа Натура 2000.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан