mksqen

Во Војводина спасен сив сокол

Во Војводина спасен сив сокол

Типографија

Покраинскиот завод за заштита на природата соопшти дека еден примерок на ретка птица - сив сокол со помош на граѓани е најдена во близина на Врбас и е спасена.

Граѓанин има пронајдено изнемоштен и повреден сив сокол покрај патот во близина на врбас и го предал во Равно село каде два дена се грижеле за птицата.

Поради добрата грижа птицата брзо ја повратила силата и после проценката од Заводот е пуштена во природа.

Сивиот сокол е строго заштитен вид кој во Војводина живее само во ладните периоди, а се гнезди во клисурите, кањоните и карпестите предели.

Од Заводот велат дека оваа птица ја има се помалку и дека најчесто се на мета на голубари.

Оштетата за уништување на ваква единка е 40 илјади динари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан