mksqen

ИРЕНА: Југоисточна Европа има потенцијал за обновлива енергија од 740 гигавати

ИРЕНА: Југоисточна Европа има потенцијал за обновлива енергија од 740 гигавати

Типографија

Потенцијалот на Југоисточна Европа за производство на обновлива енергија е огромен и достигнува 740 гигавати, покажала новата студија на Интернационалната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА).

Според извештајот, само од ветерот и од сонцето можат да се добијат 532 гигавати, но овие извори остануваат речиси целосно неискористени, иако барем 127 гигавати би можеле да се произведат по исплатливи услови.

  • Можностите во регионот за производство на обновлива енергија се големи, особено за сончева и за ветерна. Користењето на овие извори може да придонесе за енергија по прифатливи цени, раст на бројот на работни места и подобрување на квалитетот на воздухот - вели директорот на ИРЕНА Аднан З. Амин.

Според податоците на агенцијата, инвестициите во обновлива енергија во светот постојано се зголемуваат, од околу 50 милијарди долари во 2004 година до 305 милијарди во 2015 година.

  • Како што се повеќе напредуваме кон нови енергетски парадигми, треба сите да го фатат темпото за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Политиките и регулациите остануваат главна пречка за тоа - додава Амин.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан