mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Парк во Бугарија имал двојно повеќе дрвја отколку што се мислело

Парк во Бугарија имал двојно повеќе дрвја отколку што се мислело

Типографија

Новиот попис на паркот Бедечка во Стара Загора покажал дека тој има двојно повеќе дрвја отколку што биле регистрирани претходно.

Овој парк беше загрозен со новиот урбанистички план што предвидуваше делумна пренамена во градежно земјиште, но дел од јавноста се побуни против тоа.

Беше побарана нова процена на природните вредности на паркот, која покажала дека во него има над 2.700 дрвја. Од здружението „Да ја зачуваме Бедечка“ изјавиле дека на веќе евидентираните 1.200 дрвја биле додадени уште 1.500 за кои претходно не постоела евиденција. Причината за сериозната разлика меѓу реалните бројки и општинските податоци било тоа што при претходниот попис општината дала задача да се регистрираат само декоративните дрвја.

Контроверзниот урбанистички план влезе во сила во 2012 година, без вредностите на паркот да бидат правилно проценети. Една година подоцна бил направен првиот попис по барање на еден општински советник. Минатата година, по серија граѓански протести, била направена и втора процена. Веќе се подготвува нов урбанистички план со кој треба да се заштити паркот. Борците за заштита на Бедечка напоменуваат дека новиот попис треба да биде земен во предвид кога ќе се одлучува за иднината на паркот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан