Инсталација за компостирање зелен отпад ќе се гради во градот Козлодуј во Северна Бугарија, познат по нуклеарната централа што се наоѓа во него.
Општината се вклучила во новата програма за животна средина на бугарската Влада со иницијатива да изгради таков центар, заедно со општините од Регионалното здружение за управување со отпадот - Орјахово.
Владината програма е со буџет од околу 84 милиони евра. За проектот во Козлодуј, за кој треба да се обнови старо напуштено депо, се потребни нешто помалку од еден милион евра. Со него треба да се добие површина од 41 декар.
Претходно во рамките на програмата за животна средина во Козлодуј биле изградени 10 километри канализациска и 9 километри водоводна мрежа.