mksqen

Заштитен папагал запленет во Србија

Заштитен папагал запленет во Србија

Типографија

Српската царина на патот Рашка-Краљево запрела возач што во багажникот на својот автомобил превезувал животни. Меѓу нив имало и примерок на заштитен папагал, за кој немал дозвола.

Додека вршеле контрола на возилата кај местото Богутовац, цариниците запреле државјанин на Црна Гора, кој имал кафези во багажникот. Во нив имало папагали, мачки, фазани и други животни, па цариниците се посомневале дали меѓу нив има заштитени видови.

Заводот за заштита на природата потврдил дека станува збор за заштитен вид папагал розела. Тој бил предаден на инспекцијата за заштита на животната средина во Краљево.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан