Во Грција, на островот Крит, е уловена опасна риба, чиј отров може да убие 30 луѓе.
Рибата е од видот лагокефал (Lagocephalus sceleratus). Уловениот примерок е со големина од околу половина метар. Лагокефалот, кој се среќава источно од островот Крит, но и во други области на Грција, е вториот најтоксичен животински примерок на планетата. Тој е исклучителен предатор, претставува голема закана за екосистемот и е многу опасен за луѓето.
Рибата има отров што може да убие 30 луѓе и нема познат противотров. Лагокефалот се среќава главно во Индискиот и Тихиот Океан. Во 2003 година, сепак се појави во Медитеранот и Егејското Море.
Доколку се конзумира пред да се отстрани делот каде е отровот тетродотоксин, може да предизвика респираторни нарушувања, проблеми во моторниот систем, мускулна парализа, па дури и смрт.
Во Грција уловена опасна риба чиј отров може да убие 30 луѓе
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање