mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Царските орли се со рекордно ниска смртност во 2016 година

Царските орли се со рекордно ниска смртност во 2016 година

Типографија

Рекордно ниска стапка на смртност кај вгнездените царски орли има за оваа година, велат експертите од бугарското друштво за заштита на птиците кои  работеле на проектот „Земја на царскиот орел“.

Процентот за оваа година бил едвај 3.77 што е најнизок за последните 10 години. За споредба просечната стапка за последните 17 години е 8.98 отсто, а највисок бил во 2012 година и тоа 20.45 отсто.

Оваа година бројот на паровите царски орли во Бугарија е 28 колку што биле и во 2015 година. Разликата е во тоа што тимот на проектот открил два нови пара и тоа еден во Сакарја планина и еден во Дервентската висорамнина, но има регистрирано и загуба на други два пара во Средна Гора и Стара планина. Од единствените вгнездени парови во Средна Гора оваа година останала само едната птица.

Оваа пролет 21 пар се загнездени и успешно имаат одгледано вкупно 26 мали. Гнездовиот успех, како што го нарекуваат експертите, оваа година е во просек 1,24 мали на вгнезден пар и е поголем од минатогодишниот (1,21). Седум од паровите не се имаат вгнездено иако зазеле територии. Причината е дека тие се составени главно од млади птици со недоволно акумулирано искуство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан