mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Папата ги повика христијаните да ја чуваат планетата

Папата ги повика христијаните да ја чуваат планетата

Типографија

Папата Франциск повика на посилна акција против уништувањето на животната средина и климатските промени, уште еднаш истакнувајќи го својот став против консумеризмот и алчноста за пари, кои, како што вели, ја загрозуваат планетата.

Тој ги повика христијаните да ја стават заштитата на планетата во центарот на својата вера. Пред една година беше издаден првиот папски документ посветен на животната средина.

  • Бог ни дал прекрасна богата градина, но ние ја претвораме во загадена пустелија, полна со отпад, уништување и валканици - порачал Папата во новиотдокумент.

Франциск е прв поглавар на Римокатоличката црква што посветува големо внимание на прашањата за животната средина и се бори противк ултурата на консумеризам и на нескротена пазарна економија.

  • Економијата, политиката, општеството и културата не смеат да се водат само од краткорочните и моменталните финансиски или изборни придобивки - рекол Франциск.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет