mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Париз: на пауза од работа во градината на покривот

Париз: на пауза од работа во градината на покривот

Типографија

Познатите француски стоковни куќи Ле Бон Марше и Ла Гран Еписери го претвориле својот заеднички покрив во градина во која персоналот одгледува зеленчук и овошје во слободното време.

Поставени се сандаци со земја на површина од 700 квадратни метри и во нив вработените одгледуваат околу 60 видови овошје, зеленчук и други растенија, како нане и лаванда.

Одличниот поглед на Париз и шансата да се научи нешто повеќе за градинарството привлекле 200 од 1.500-те вработени во продавниците. Тие биле избрани на лотарија за да се грижат за градината на покривот.

Градот Париз сака до 2020 година да има 100 хектари зелени покриви, тротоари и ѕидови, а на една третина од нив да се одгледува овошје и зеленчук.

  • На почетокот повеќе време поминувавме уживајќи во прекрасниот поглед, а подоцна повеќе околу сандаците со растенија. Ова е одлично место за садење зеленчук и за запознавање на колегите - вели Шарлот Арну, една од вработените вклучени во акцијата.

Во градината на покривот не се употребуваат пестициди. Купувачите во продавниците не се свесни дека таа е над нив и не можат да ја посетат. Но таа поттикнала вработени во други компании во Франција и во странство да почнат слични проекти за персоналот.

  • Со оглед на тоа колку силен позитивен ефект ова имаше врз мотивираноста на вработените, инвестицијата е минимална - рекол техничкиот директор Ибер Жене.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет