mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Голем дел од океанот околу Хаваи се става под заштита

Голем дел од океанот околу Хаваи се става под заштита

Типографија

Американскиот претседател Барак Обама најави дека значително ќе ја зголеми површината на морскиот национален парк Папаханаумокуакеа, во водите околу Хаваи. На тој начин, комерцијалниот риболов ќе се забрани на вкупна површина од 1,5 милиони квадратни километри во Тихи Океан. Ова е еден од последните напори на американскиот претседател да го сврти вниманието на јавноста кон климатските промени пред да си замине од функцијата на 20 јануари следната година.

  • Океаните може да се опорават ако ги оставиме на мира. Колку и да е голем проблемот со климатските промени и колку и да е загрижувачка состојбата со океаните, тие покажуваат голема отпорност - вели сенаторот Брајан Шалц, кој заедно со научници и со еколошки организации работеле да издејствуваат од Обама да го прошири ова заштитено подрачје.

Паркот бил ставен под заштита во времето на претседателот Џорџ Буш, но на многу помала површина. Во новите граници тој ќе опфати повеќе од 7.000 морски видови, вклучувајќи корал што се смета дека е најстариот жив организам во светот, стар 4.265 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет