mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Голема евакуација: 82 илјади луѓе ги напуштаат домовите во Калифорнија

Голема евакуација: 82 илјади луѓе ги напуштаат домовите во Калифорнија

Типографија

Пожарот  што избувна источно од Лос Анџелес и заради кој беше пренасочено движењето по дел од автопатот што градот го поврзаува со Лас Вегас, се шири со таква брзина што веќе во опасност доведе 34.500 згради, во кои живеат 82.600 лица, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Издадена е наредба за евакуација на овие луѓе, а во државата е прогласена вонредна состојба. Таа го зафаќа округот Сан Бернардино, на околу 100 километри источно од Лос Анџелес.

Пожарот веќе опустоши 3.642 хектари шума и грмушки, а се појави во густа шумска месност крај меѓудржавниот автопат број 15. Со стихијата во моментов се борат 700 пожарникари.

 

 

 

 

 

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет