Најголемата пустина и најголемата прашума во светот имаат многу тесна меѓусебна врска.
Иако се наоѓаат на два различни континента, кога ќе дувне силен ветер, огромен облак од прашина се крева од Сахара во Африка и патува преку Атлантски Океан се` до амазонската шума во Јужна Америка. Овој облак носи фосфор и други материи, кои се неопходни за опстанокот на густата вегетација во прашумата.
НАСА со сателитско следење за првпат измери колку точно прашина патува преку Атлантикот. Вкупно 182 милиони тони тргнуваат од пустината, што е доволно за да се наполнат 689.290 големи камиони со прашина, и таа да се пренесе 2.600 километри на запад, до американското копно. Таму, 132 милиони тони остануваат во воздухот, 28 милиони се спуштаат врз амазонските шуми, а околу 43 милиони се придвижуваат кон север и паѓаат врз Средна Америка и Карибите. На тој начин, 22 илјади тони неопходен фосфор стигнуваат до Амазон.
Но ова се просечни концентрации од повеќегодишните мерења. Разликата меѓу највисоките количества во 2007 година, и најниските во 2011, изнесувала дури 86 проценти. Научниците го објаснуваат тоа со состојбите во Сахел, полупустинскиот појас јужно од Сахара. Ако во овој регион има повеќе врнежи, следната година помалку прашина ќе се крене и ќе тргне кон Јужна Америка. Во спротивно, количествата ќе бидат помали.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS