mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Шест милиони Американци имале хемиски загадена вода

Шест милиони Американци имале хемиски загадена вода

Типографија

Водата за пиење од јавните водоводи што ја користеле повеќе од шест милиони жители на САД содржела небезбедни нивоа на хемикалии што се користат во индустријата, и кои може да имаат сериозни последици по здравјето на луѓето, покажала новата студија на Универзитетот Харвард.

Хемикалиите полифлуороалкил и перфлуороалкил се употребувале во индустриите за производство на нелепливи тави, пена за противпожарн апарати, амбалажа за пакување храна и за многу други производи. Се смета дека долготрајната изложеност на овие материи може да предизвика различни заболувања како рак на бубрезите, проблеми со тироидната жлезда, зголемен холестерол или хормонски нарушувања.

  • Практично сите Американци се изложени на овие состојки. Тие не се распаѓаат - вели Ксинди Ху, главниот автор на студијата.

Се испитале над 36.000 примероци вода собрани од 2013 до 2015 година. Било утврдено дека од 4.864 водоснабдителни системи, во 194 биле откриени значителни количества од овие супстанци. Во 66 системи, пак, од кои со вода за пиење се снабдувале околу шест милиони луѓе, концентрациите на овие хемикалии биле над дозволените граници пропишани од американската Агенција за заштита на животната средина.

  • Ова е голем проблем за многу луѓе. Се случува насекаде - рекол Ричард Клап, професор од Универзитетот во Бостон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет