mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Со милиони дрвја оживеале уништени пејсажи во Англија

Со милиони дрвја оживеале уништени пејсажи во Англија

Типографија

Селските краишта во средна Англија како Мојра, Донисторп и Оверсил пред 25 години изгледале застрашувачки, пишува Гардијан. Насекаде имало напуштени рудници за јаглен, отпад од нив, површински копови, каменоломи, копови од каде што се црпела глина итн.

Пејсажот бил уништен од тешките и валкани индустрии. Мирисот бил непријатен, земјата токсична, а речиси немало дрвја. Како што се затворале рудниците, луѓето се иселувале во околните градови, Бирмингем, Дерби и Лестер.

Но денес токму тоа место привлекува туристи, рекреативци, велосипедисти, планинари, набљудувачи на птици и други љубители на природата. Во текот на изминативе 25 години таму биле насадени повеќе од 8,5 милиони дрвја и областа целосно заживеала. Поновите се се` уште мали, но тие што биле засадени пред 25 години веќе израснале над 10 метри.

  • Луѓето обожаваат дрвја. Сакаат да посетуваат шуми. Областа се претвори од целосно уништена земја, во место каде што може да се оди на одмор - изјавил Грем Најт, 62-годишен жител на Мојра и поранешен рударски инженер.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет