mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Два ретки Амур леопарди родени во Англија

Два ретки Амур леопарди родени во Англија

Типографија

Два ретки Амур леопарди родени се во зоолошката градина Твикрос во Велика Британија.

Оваа зоолошка градина објави на својата веб страница фотографии од две младенчиња кои се` уште не се именувани, а на посетителите им се овозможува да ги видат по пат на камера која ја снима внатрешноста на живеалиштето и ги прикажува на голем екран кој се наоѓа на предниот дел на кафезот.

Се верува дека овој загрозен вид на леопарди е на работ на истребување, затоа што, како што се наведува, во дивината живеат близу 70, додека во зоолошките градини во целиот свет има околу 200.

Овие младенчиња се втора двојка која ги родила мајката Кристен, додека првата двојка младенчиња, по име Арина и Алексеј, се родени во 2014 година.
Сепак, се верува дека овој редок вид леопарди ќе преживеат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет