mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Повеќе од 100 природни добра исчезнуваат поради човечко влијание

Повеќе од 100 природни добра исчезнуваат поради човечко влијание

Типографија

Најновите истражувања откриваат дека кај 63 отсто природни добра се забележува негативно човечко влијание, а дека дури 91 отсто анализирани подрачја се соочуваат со драстично губење на шумите.

Кои природни богатства се најзагрозени?

Според резултатите на студијата која ги испитувала и анализирала човечките влијание и губењето на шумите, а која е објавена во списанието Biological Conservation, над 100 природни добра под заштита на УНЕСКО сериозно се оштетени и тоа поради човечкиот фактор.

Природните добра под заштита на УНЕСКО вклучуваат 229 наоѓалишта во светот и се сметаат за неверојатни универзални вредности кои ги надминуваат националните граници.

Меѓутоа, кај 63 отсто анализирани наоѓалишта се забележува зголемен човечки притисок и влијание кое се гледа во изградбата на патишта, агрикултурата, инфраструктурата и населбите од 1993 година.

Од друга страна, дури 91 отсто природни добра кои содржат шуми се соочиле со губење на шумите од 2000 година.

Азија е најзагрозена и таму се забележува најинтензивно влијание на човечкиот фактор, со Националниот парк Манас (дом на многу загрозени видови вклучувајќи тигри, џуџестата асамска свиња, индискиот носорог и индискиот слон) во Индија кој направи голем исчекор, а кој од 1985 година се наоѓа на листата на светското наследство.

Исто така, Националниот парк Комодо во Индонезија е дом на 5.700 комодо змаеви кои не постојат на ниту едно друго место, а исто така трпат негативно човечко влијание.

Човечкото влијание и притисокот во природните добра се зголемува на сите континенти освен во Европа, каде значително се намалува. Авторите на студијата истакнуваат дека ова е охрабрувачки иако треба со резерва да се прифатат овие резултати, бидејќи во оваа студија не се мерени и анализирани другите закани како притисок од туризмот, рапидните климатски промени и ловокрадците.

Губењето на шумите е забележано на сите континенти, а најлоши последици се забележуваат во Северна Америка и Австралија. Губењето на шумите во Северна Америка е толку драстично што претставува 57 процентна загуба на шумите од светското наследство воопшто.

Интернационалниот парк на мирот Вотертон глечер, кој ја опфаќа и канадската и американската територија, изгуби една четвртина од своите шумски предели, додека Националниот парк Вуд Бафало во Канада изгуби 12 отсто, а Националниот парк Јелоустоун во САД шест отсто.

Научниците сметаат дека губењето на шумите во Северна Америка веројатно е предизвикано од епидемија на бубалки во боровите шуми, кои се јавија како резултат на климатските промени.

  • Светот никогаш не би дозволил Акропол да биде уништен или некоја пирамида да се замени со патишта и куќи, но сепак на планетата, дозволуваме нашите природни наследства да бидат целосно изменети - вели авторот на студијата Џејмс Вотсон од Здружението за зачувување на дивината при Унуверзитетот во Квинсленд во Австралија.

Еден од авторите на студијата Џејмс Алан од Универзитетот Квинсленд истанка дека е време за исчекор и да направиме повеќе за заштита на природното наследство, како и нивното зачувување да го сфатиме сериозно.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет