mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Медалите во Токио ќе бидат од рециклиран метал

Медалите во Токио ќе бидат од рециклиран метал

Типографија

Организаторите на Олимписките игри во Токио во 2020 година почнаа да собираат фрлени електронски апарати кои ќе се користат за производство на медали кои ќе бидат наменети за најуспешните спортисти на тоа натпреварување.

  • Ова е голем проект кој повеќе стари и неупотребливи телефони ги претвара во, за спортистите, непроценливи медали - вели четирикратниот олипмиец Текеши Макуда.

Организациониот комитет сака да собере осум тони суров материјал од кој ќе се добие околу два тона чист метал кој еи е потребен за изработка на пет илјади медали за игите во Токио.

Од граѓаните се бара да ги подарат расипаните електронски апарати, како и паметни телефони, дигитални камери и лаптопи. Кутиите за селекција се поставени насекаде низ земјата, а собирањето ќе трае до пролетта 2019 година или додека не се дојде до целта од осум тони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет