mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Истражување: Мачките ги сакаат луѓето повеќе од храната

Истражување: Мачките ги сакаат луѓето повеќе од храната

Типографија

Американски научници од Државниот универзитет во Орегон дојдоа до сознанија дека повеќето мачки го претпочитаат општењето со луѓето, пред се останато, па дури и пред храната.

Експертите го следеле однесувањето на мачките во четири етапи: контакт со луѓе, храна, играчки и реакција на мирис.

Во експериментот се земени и домашни и улични мачки, при што секоја била лишена од четирите фактори, едно по друго. Потоа следел изборот меѓу играчка, храна, следење пријатна арома и човек.

Повеќе од половина од изгладнетите „заморчиња“, отишле прво кај човекот, па кај чинијата со храна. Резултатите биле слични и кај домашните, но и кај уличните мачки, кои претходни речиси и не биле во контакт со луѓе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет