mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Компании од САД увезуваат пепел од јаглен

Компании од САД увезуваат пепел од јаглен

Типографија

Во САД со бродови се увезува пепел од согорување на јаглен кој се користи за разни намени.

Контејнерите со пепелот стигаат преку пристаништето во американската сојузна држава Вирџинија. На ова се спротивставуваат поедини пратеници укажувајќи дека САД сакаат да се ослободат од таквиот отпад од термоелектраните.

Но, бидејќи САД се повеќе се вртат кон други извори на енергија, имаал помалку пепел од јаглен, па фабриките на кои им е потребен за изградба на патишта, за бетон и за малтер го набавуваат од странство.

Американските компании пепелот од јаглен го увезуваат од Кина, Полска и други земји.

Борците за заштита на природата се залагаат за рециклирање на пепел кој го има на 1.100 депонии ширум САД.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет