mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Еколошки организации ќе поднесат жалба пред ЕК поради загадување на воздухот во Полска

Еколошки организации ќе поднесат жалба пред ЕК поради загадување на воздухот во Полска

Типографија

Четири организации за заштита на животната средина соопштија дека ќе испратат жалба до Европска комисија, во која ја обвинуваат Полска за кршење на правните норми за контрола за загадување на воздухот.

Полска и Бугарија се двете најзагадени земји-членки на Европска унија. Во многу реони на Полска зимава регистрирано е кризно ниво на смог. Како причина за загадувањето на воздухот се наведува затоплувањето на домовите со несоодветни огревни материјали, а понекогаш се користи и пластика и други отпадоци.

Според активистите, централната и локалната власт во Полска “само си ја префрлаат топката“, во моменти, кога според нивните сознанија, во земјата од загаден воздух умираат околу 40 илјади луѓе годишно.

Организациите „Клајнт арт“, „Гринпис“ „ Д сити из аурс“ и „Акција демократија“ ги најавија своите планови. Тие следната недела ќе собираат потписи, а на 17 февруари ќе поднесат жалба пред ЕК.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет