mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Единаесет лица загинаа во пожар во Чиле

Единаесет лица загинаа во пожар во Чиле

Типографија

Единаесет лица загинаа во најголемиот шумски пожар во историјата на Чиле.

Шеесет годишен маж е пронајден мртов во околината на градот Контитусион. Уште десет лица загинаа изминатите две недели во пожарот, вклучувајќи шестмина пожарникари и двајца полицајци.

Зоната погодена од пожарот двојно се зголеми изминатите два дена и достигна плоштина од 3.870 квадратни километри, соопшти Националната агенција за шумите. Таа плоштина е поголемна од островот Мајорка.

Во централниот и јужниот дел на земјата се уште горат 130 пожара, од кои 61 се надвор од контрола. Високите температури од над 35 степени и силните ветрови ги отежнуваат обидите за нивно гаснење.

Околу четири илјади пожарникари се мобилизирани да ги изгаснат пожарите, во кои изгореа 11 илјади куќи. На терен работат 500 пожарникари од Франција, Перу, Португалија, Шпанија, Колумбија и Аргентина.

Во средата во гаснењето се вклучи и најголемиот пожарникарски авион во светот „супертанкер“ со капацитет од 72 тони вода.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет