mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Граѓаните на Њујорк бараат уставно право на чист воздух и вода

Граѓаните на Њујорк бараат уставно право на чист воздух и вода

Типографија

Здруженијата за заштита на животната средина и групи за јавна политика во Њујорк побараа амандман на Уставот да им се гарантира на жителите право на чист воздух и вода.

Организациите Заговорници на животната средина во Њујорк, и Ефикасен Њујорк, за предложениот амандман се залагаат преку видео огласи објавени со снимки на деца од местото Хусик фолс (Hoosick Falls) каде бунарите се загадени со хемикалии.

„Не би требало да мора да се бориме за чиста вода“, е пораката од видеото.

Тие групи наведуваат дека со измена на Уставот им се овозможува на граѓаните да инсистираат на одговорност на пратениците и властите за обезбедување здрава животна средина.

Шест сојузни американски држави имаат одредби за еколошки права, а само Уставот на Пенсилванија дава основа за забрана на работи кои загрозуваат јавно здравје и животна средина.

  • Недостига јасна формулација во Уставот со која на луѓето би им се дало право на вода од која нема да се разболат и на безбеден воздух - наведува Питер Ивановиќ, од Заговорници за жвиотната средина во Њујорк. Тој додава дека жителите сега имаат право да покренат тужби за оспорување закон или пропис за заштита на жвиотната средина, но уставниот амандман би дал тежина на нивните аргументи.

Лиз Кругер, сенаторка од Демократската партија од државата Њујорк вели дека уставната заштита значи дека дури и ако државниот орган или ние, законодавците работиме нешто погрешно, граѓаните да може нас преку судови да на натераат да работиме исправно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет