Најбрзото животно на светот, гепардот, наскоро може да исчезне бидејќи му се уништува животниот простор, покажува истражувањето на Зоолошкото друштво од Лондон.
Студијата покажала дека во Зимбабве поради овие причини популацијата на гепарди се намалила за 85 отсто за само 16 години, од 1.200 на 170 единки.
Експертите поради ова повикуваат оваа голема мачка да биде префрлена од категоријата ранливи животни, во категоријата загрозени, за да може да се преземат повеќе мерки за нејзината заштита.
Гепардот, кој може да развие брзина од над 100 километри на час за кратко време, е познат како таинствено животно. Тешко се собираат податоци за него, поради што, како што велат истражувачите, долго време не било познато со колкави ризици по опстанокот се соочува.
- Нашите наоди покажуваат дека овие животни се многу позагрозени отколку што досега се мислело, затоа што им е потребен голем простор за да живеат во дивината, а се соочуваат со разни опасности - вели д-р Сара Дурант, која ја предводи програмата за заштита на гепардот.
Во студијата се наведува дека гепардите се соочуваат со повеќе опасности како недостиг од плен поради прекумерниот лов, загуба на живеалиштата и нелегална трговија. Згора на троа, повеќе од три четвртини од гепардите живеат надвор од заштитените подрачја, што ги прави уште поранливи бидејќи патуваат низ големи пространства.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS