mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Земјотрес со интензитет од 6,7 крај Соломонските Острови

Земјотрес со интензитет од 6,7 крај Соломонските Острови

Типографија

Земјотрес со интензитет од 6,7 беше регистриран крај Соломонските Острови, соопшти геофизичкиот институт на САД.

Ова е втор силен земјотрес во близина на архипелагот северно од Австралија за помалку од две недели. Претходниот беше со јачина од 7,8.

Земјотресот се случил на 120 километри северозападно од Кира Кира, на длабочина од 44 километри.

Засега нема податоци за настрадани луѓе и нанесени материјални штети, ниту е издадено предупредување за опасност од цунами.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет