mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Португалија воведува данок на сонце

Португалија воведува данок на сонце

Типографија

Португалија на сопствениците на куќи со убав поглед и кои се изложени на сончевите зраци им наметна нова давачка, зголемувајќи им ја даночната основица.

Данокот на такви куќи и станови со тоа ќе биде зголемен до 20 отсто во случај кога куќа или стан има убав поглед, за што до сега се плаќаше пет отсто, што веќе предизвика голем гнев кај здруженијата на потрошувачи и сопствениците. 

  • Сето ова укажува на тоа дека следен чекор ќе биде данок на воздухот кој го дишеме - изјави претседателот на Здружението на сопственици на недвижнини на Португалија, Антонио Фаријас Маркес.

Ернесто Пинто експерт за данок од Здружението на потрошувачи вели дека одлучно се против овие мерки бидејќи се засноваат на субјективен критериум. Погледот од куќата може различно да се оценува, додава Пинто.

Од друга страна сопствениците на куќи од кои се гледа на гробишта или некои индустриски капацитети ќе добијат намалување на данокот на имот до десет отсто, кој досега беше пет проценти.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет