mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Студ ја закова цела Канада и северниот дел на САД

Студ ја закова цела Канада и северниот дел на САД

Типографија

Студ ја закова цела Канада, од тихоокеанското до атлантското крајбрежје, а не остана поштеден ниту северниот дел на САД, објавуваат американските медиуми, повикувајќи се на метеоролошките служби.

Синоптичарите прогнозираат нови снежни врнежи во наредните денови.

Во Западна и Централна Канада термометрите денеска покажуваа температура меѓу минус 21 и минус 27 степени Целзиусови. На исток, кон атлантското крајбрежје на земјата е малку потопло, каде е само 20 степени под нулата.

На запад, на тихоокеанското крајбрежје на Канада, вообичаено не е погодено од силниот студ, кој го има во внатрешните провинции.

Термометрите во Ванкувер денеска покажуваа минус 7 степени, иако вообичаено за овој период на годината е да се искачат до шестиот степен над нулата.

Студеното време го зафати и северниот дел на Соединетите американски држави.

Канадските метеоролози очекуваат остра зима во јануари и февруари. Минатата година таа беше релативно мека поради топлото климатско влијание на Ел Нињо во Пацификот, потсетуваат метеоролозите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет