mksqen
18
Саб, Сеп
0 Нови / 7 дена

Јагленот ќе продолжи да се употребува

Јагленот ќе продолжи да се употребува

Типографија

Потрошувачката на јаглен во светот до 2021 година значително ќе се намали, но тоа сепак ќе биде неизбежно гориво во производството на електрична енергија во Азија.

Од меѓународната агенција за енергетика велат дека е рано да се каже дека е крај за јагленот без разлика што тоа гориво има негативни последици на квалитетот на воздухот.

До 2021 година се очекува планетата да троши 5,6 милијарди тони јаглен, што е помалку од претходната проценка од 5,8  милијарди тони.

Побарувачката на ова гориво од 2000 до 2013 година изнесувала четири отсто, а се проценува дека до 2021 година годишниот просек да падне на 0,6 отсто.

Помалата побарувачка е резултат на развојот на обновливите извори на енергија и политиките спроведени во борба против климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет