mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Сушата ги оштетува џиновските секвои во Калифорнија

Сушата ги оштетува џиновските секвои во Калифорнија

Типографија

Долготрајната суша во Калифорнија нанесе многу штета на дрвниот фонд на оваа американска држава.

Се проценува дека околу 102 милиони дрвја се исушиле од почетокот на 2011 година.

Но досега никој не се грижел за тоа како овие временски услови се одразуваат врз џиновските секвои, најголемите дрвја на светот, кои живеат илјадници години. Нивните кори се отпорни на пожари. Имаат механизми да ги одбиваат габите и инсектите што можат да им наштетат. Практично се неуништиви, па затоа не предизвикале грижи. Но нови сознанија покажуваат дека не се толку отпорни на сушата колку што се мислело.

Нејт Стивенсон, шумски еколог, вели дека кога се качил на врвот на џиновска секвоја во 2014 година, се изненадил дека тој бил кафен наместо зелен. За 30 години, колку што ги проучувал овие дрвја пред сушата, регистрирал само две мртви стебла, а во последните пет години, откако трае сушата, забележал десетици такви.

Поради ова шумските еколози се обидуваат да откријат што се случува. Се искачуваат на џиновските дрвја, кои се високи колку облакодери, и земаат примероци. Утврдиле дека протокот на вода низ дрвјата е нарушен. Малите пори на нивните лисја во нормални услови го собираат јаглерод-диоксидот и испуштаат кислород и водена пареа. Но ако дрвото нема доволно вода, порите се затвораат, што може да доведе до целосен прекин на хранењето на дрвото и до негова смрт.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет