mksqen
24
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Информации за секое дрво се прикажуваат на карта во Њујорк

Информации за секое дрво се прикажуваат на карта во Њујорк

Типографија

Локалната власт на Њујорк неодамна создаде и објавуваат дигитална карта на сите дрвја на територијата на градот.

Картата нуди огромно количество база на податоци, дава точната локација со слики во Google Street View, детален опис на секое едно дрво во мегаполисот и ги пресметува еколошките придобивки за урбаниот простор.

Цената на екосистемот до неодамна беше непопуларно средство за заштита на природата. Природата е важна поради очигледни причини, но пресметката на нивната цена не е лесен процес. А сепак тоа има смисла за одржлив долгорочен развој и заштита на средината. Локалните власти од „Паркови и рекреација“ нашле информативе начин за известување за вредноста на природата во урбаната средина - тие ги пресметале еколошките и економските придобивки на уличните дрвја.

Во програмата „Дрвобројач 2015 “ градските власти имаат мобилизирано волонтери кои се обучени за се што треба да знаат за дрвјата и се пуштени низ градот Њујорк да ги пребројат и запишат податоците за секое дрво, за нивната состојба, специфични барања за нега, мерења. Информациите од волонтерите веќе се објавени во градскиот регистар на шуми во најголемата детална карта на улични дрвја. Овие подтаоци се обновуваат секојдневно. Картата нуди податоци за секое од  685.781регистрирано дрво, календар на активностите за нивната грижа, вкупниот број и информации за најчестите дрвја во секоја населба.

На картата дрвјата се означени со кругови. Износот на секој круг претставува дијаметарот на дрвото, а бојата го покажува видот. Секој вид дрво има различна боја, а придружните видови се означени со слични бои.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет