mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Повторно силен земјотрес кај Фукушима, предупреудување за цунами

Повторно силен земјотрес кај Фукушима, предупреудување за цунами

Типографија

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеорвата скала го погоди североисточниот дел на Јапонија, а епицентарот бил на 20 километри источно од префектурата Фукушима. 

Иако е покрената тревога за цунами, јапонските метеоролози сметаат дека висината на брановите ќе биде минимална и оти тие тешко дека ќе предизвикаат некаква штета, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).

Потресот се почувствувал во 17 префектури, вклучувајќи ги и Фукушима, Мијаги, Ивате и Токио. 

Овој земјотрес се случил во истото подрачје, како и потресот од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој се случил пред два дена. 

ЈМА предупреди на можни нови потреси.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет