mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Високите температури стопиле мраз со големина на Флорида

Високите температури стопиле мраз со големина на Флорида

Типографија

НАСА го објави најновиот извештај, според кој,  2016 година е најтоплата година во историјата, а заради температурите што беа и до 10 степени повисоки од нормалните на Арктикот исчезна мраз со големина на Флорида.

Топлите ветришта, имено, предизвикаа топење на големи делови од Арктичкиот Океан, што доведе до одвојување на енормен број смрзнати плочи од главната маса, покажува истражувањето на НАСА за климатските промени.

Невообичаено топла бура се случи во период од годината кога мразот во тој регион вообичаено се собира, а не топи.

  • Како резултат на овој циклон, количеството мраз во Баренцово и Карско Море се намали за 10 отсто, а појас со мраз се придвижи кон север - вели Линет Боисверт, авторка на ова истражување на НАСА.

Алек Пети од центарот на НАСА „Годард Спејс Флајт“ вели дека е откриено дека во оваа бура целосно се стопи најтенкиот мраз. Во годините што следат, доколку зимата почне во самиот старт со потенок мраз, топењата можат да бидат и поголеми, додава тој.

  • Уште една година. Уште еден рекорд. Високите температури во 2015 година ќе бидат надминати во 2016 - вели генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петер Талас.

Тој додава дека во руските делови на Арктикот температурите биле шест до седум степени Целзиусови над повеќегодишниот просек. Многу други арктички и субарктички региони во Русија, на Аљаска и на северозападот од Канада беа за барем три степени Целзиусови над просекот, објаснува Талас.

Прелиминарниот извештај на НАСА вината за високите температури на почетокот од годината ја фрла врз торнадото Ел Нињо и наведува дека нивото на морињата претходно растеше  за 3,5 милиметри годишно, за сега за 18 месеци (до февруари годинава) да изнесува 15 милиметри, пренесе хрватски Дневник, повикувајќи се на „Раша тудеј“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет