mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Ќе се преиспитува проектот за спорниот гасовод во Дакота

Ќе се преиспитува проектот за спорниот гасовод во Дакота

Типографија

Американските федерални власти го одложиле донесувањето конечна одлука во врска со дел од гасоводот Дакота Аксес, против кој долго време се одржуваат протести од локалните домородци од племето Сиукси и од еколошки активисти.

Во заедничка изјава, федералните служби за армијата и за внатрешните работи истакнале дека се загрижени поради, како што велат, повторувањето на праксата за одземање земја од племињата, како што се правело во минатото. Тие додаваат дека иако претходните одобренија за изградба на гасоводот биле во согласност со законските услови, сепак сакале дополнително да се консултираат со племето Сиукси од Стандинг Рок (спорната локација на гасоводот) во врска со заштитата на езерото Оахе, кое е од посебно културно значење за Сиуксите, и е воден резервоар во сопственост на федералната влада.

Гасоводот Дакота Аксес чини 3,7 милијарди долари. Тоа е нешто повеќе од годишниот буџет на Македонија. Долг е 1.885 километри од државата Северна Дакота се` до државата Илиноис. Најголемиот дел е веќе изграден, но останува да се догради малата делница во близина на Стендинг Рок.

Проблемот е што компанијата-инвеститор, Енерџи трансфер партнерс, планира да го спроведе под езерото Оахе. Поради тоа локалните Сиукси како и екологисти од разни страни се собраа на протести, тврдејќи дека ако се спроведе така, проектот ќе ги загади околните води и ќе ги уништи светите места на домородците.

Претседателот на Сиуксите од Стендинг Рок, Дејв Арчамболт Втори, изјавил дека е охрабрен од оваа одлука на федералните власти, иако се уште не биле исполнети целосно барањата на племето. Компанијата, пак, била мошне разочарана.

  • Ова е чисто политички мотивирана одлука на штета на компанија што не направи ништо, туку само работеше според правилата. Да се побара дополнително одложување на проектот само за да се спроведе нешто што може да се опише како фарса, значи да се испрати застрашувачка порака во врска со владеењето на правото - рекол директорот Келси Ворен.

Протестите во врска со гасоводот се една од централните теми во американското општество затоа што засегаат повеќе области, како заштитата на околината, односите со домородните народи, моќта на енергетските компании итн. Кон отпорот против проектот се приклучија и познати личности, а во некои случаи протестите беа насилни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет