mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се бара мораториум за истражувањето нафта на Северниот леден океан

Се бара мораториум за истражувањето нафта на Северниот леден океан

Типографија

Околу 20 меѓународни инвеститори со актива од над пет милијарди евра бараат нафтените и гасни компании, како и државите во околината на Северниот пол да стават суспензија на експлоатацијата на јагленоводороди.

Тие бараат мораториум на неопределено време за истражување на нафта и гас на Северниот леден океан кој е надвор од националниот суверенитет, а е посебно богат со јагленоводороди. Барањето ќе биде испратено до претставниците на земјите членки  на Арктичкиот совет кој го сочинуваат земјитеод околината на Северниот пол. Тие бараат  земјите во борбата против климатските промени да применат построги заеднички критериуми при издавањето на дозволи за екплоатација.

Групата предупредува на современи технолошки неизвесности при експлоатација на нафта и повикуваат на доброволен мораториум од оние нафтени и гасни компании кои можат да работат и на заледениот дел од Северниот леден океан.

Иако неколку нафтени компании неодамна отстапија од работи во таа област, особено затоа што цената на нафтата е ниска, Норвешка има издадено дозволи на 13 нафтени комапнии.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет