mksqen
24
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Германското Обвинителство ја потврди истрагата против шефот на Фолксваген

Германското Обвинителство ја потврди истрагата против шефот на Фолксваген

Типографија

Германското Јавно обвинителство потврди дека е покрената истрага против претседателот на Надзорниот одбор на компанијата Фолксваген, Дитер Пех.

Истрагата ја водат истражители од Брауншвајг кои испитуваат дали во 2015 година Фолксваген манипулирал на пазарот на возила, со одложување на информациите во врска со последиците на штетните гасови во скандалот со софтверот за мерење на загадувањето.

Предходно, компанијата Фолксваген најави дека истрагата од германското Обвинителство започната во јуни, со која беа опфатени двајца други водечки директори на компанијата, е проширена и на првиот човек на германскиот автомобилски гигант.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет