mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Ставовите на Доналд Трамп за животната средина

Ставовите на Доналд Трамп за животната средина

Типографија

Новиот претседател на САД, Донанд Трамп, смета дека глобалното затоплување е измама, но и дека сите луѓе заслужуваат чист воздух и вода за пиење.

Во текот на кампањата тој повеќе пати ги искажал своите ставови во врска со политиките поврзани со заштитата на животната средина. Најпознато е неговото верување дека глобалното затоплување е измислено од Кина, за да го забави економскиот развој на САД.

  • Врне снег во Тексас и во Луизијана, има рекордно ниски температури низ целата земја. Глобалното затоплување е скапа измама - објавил Трамп на Твитер уште во 2014 година, и се уште го одржува тој став.

Трамп сепак ветуваше дека ќе се залага за заштита на животната средина, но на начин што нема да го запира растот на економијата.

  • Секој заслужува чист воздух и безбедна вода за пиење, без разлика на нивната раса или приходи. Инфраструктурата за водоснабдување ќе биде голем приоритет. Треба да работиме да ги заштитиме природните области, но на балансиран начин. Треба да ги укинеме политиките на Обама кои чинеа премногу работни места, не беа прифатени од многу држави, и многу често имаа занемарлива корист за животната средина - изјавил Трамп на 16 септември годинава.

Последните претседатели на САД, Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама прогласуваа нови заштитени подрачја и ги прошируваа границите на постојните. Но Трамп најавувал дека дел од овие области ќе ги отвори за ископување јаглен и за црпење нафта, со што би се засилила употребата на фосилните горива. Трамп верува во концептот на „чист јаглен“, односно во користење на јагленот за производство на енергија што би било толку ефикасно, што на крајот загадувањето од него би било мало. Иако повеќе политичари го споменувале „чистиот јаглен“ како решение за намалување на емисиите на штетни гасови, сепак голем број експерти за животна средина сметаат дека тоа не е соодветна алтернатива за политиките на енергетска ефикасност и на користење обновливи извори на енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет