mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Њујоршките мачки во борба против стаорци

Њујоршките мачки во борба против стаорци

Типографија

Многуте напуштени мачки кои скитаат низ улиците на Њујорк сега ќе добијат практична работа да ги ловат стаорците во градот.

Група на волонтери се обучени да фаќаат мачки во Њујорк кои се загрозени со изградбата на нови згради. Мачките се водат на стерилизација и вакцинација, а крајната цел е тие да се пуштат во делови од градот со многу стаорци.

  • Претходно изнајмувавме истребувачи, ама природата има подобро решение - вели Ребека Маршал, менаџер за одржување на центарот за собирање храна и додава дека „мачките ништо не чинат“.

Обуката за фаќање на мачките ја имаат завршено околу шест илјади волонтери.

Проектот е инициран од „Алијанса за њујоршките животни“, која ја има основано градонаљчалникот на градот и повеќе од 150 групи за заштита на животните и азил.

Според нивните податоци во пет окрузи во Њујорк живее скоро половина милион напуштени мачки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет