mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Британски лекари побараа да се стави крај на употребата на јаглен

Британски лекари побараа да се стави крај на употребата на јаглен

Типографија

Лекари и здравствени специјалисти од Велика Британија велат дека треба да се прекине употребата на јаглен за да се подобри здравјето и да се намалат здравствените трошоци.

Лекарите и медицинските сестри велат дека справувањето со загадувањето на воздухот од сообраќајот и од електроцентралите ќе ги намали емисиите на јаглерод, ќе се намали и загадувањето на воздухот како целина и ќе има голем позитивен ефект врз здравјето на нацијата.

  • Климатските промени и загадувањето на воздухот се двете главни закани за здравјето. Тие имаат заеднички извор - согорувањето на фосилни горива - пишува во извештајот на Здравствената алијанса за климатските промени на Велика Британија. Во извештајот се додава дека загадувањето од јаглените централи предизвикува многу сериозни здравствени последици, вклучувајќи мозочен удар, коронарна срцева болест и рак на белите дробови болести кои убиваат повеќе луѓе отколку сообраќајни несреќи, се нагласува во студијата на лекарски специјалисти.

Владата на Велика Британија најави дека има намера да престанат јаглените централи до 2025 година, но лекарите одговараат дека се загрижени дека веќе една година недостасуваат објавени документи и прогласени мерки како тоа може да се постигне.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет