mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

На Филипини милиони луѓе во готовност поради супер тајфунот Хаима

На Филипини милиони луѓе во готовност поради супер тајфунот Хаима

Типографија

На милиони луѓе на Филипините им е наредено да се подготват за еден од најсилните тајфуни кои ја погодиле таа држава.

Властите предупредија за можни големи бранови и разорни ветрови. Супер тајфунот Хаима ќе ги погоди заедниците на север во државата околу 23 часот по локално време со ветрови со идентична сила како и оние од 2013 година кога во налет на супер тајфунот Хаијан загинаа повеќе од 7.300 луѓе.

  • Очекуваме поплави, лизгање на земјиште и големи бранови над пет метри во крајбрежјето. Луѓето во тие региони се во опасност. Треба да пронајдат безбеден терен - изјави директорот на Центарот за информирање и координација во природни катастрофи.

Се очекува Хаима да погоди територија во должина од 800 км со повеќе од 10 милиони луѓе на северните делови од најголемиот филипински остров Лузон. Хаима се приближува до Филипини до ветрови со брзина од 225 километри на час.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет