mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Склучена глобална спогодба за намалување на емисиите на стакленички гасови

Склучена глобална спогодба за намалување на емисиите на стакленички гасови

Типографија

Претставници од околу 200 земји од светот, во Кигали, главниот град на Руанда, склучија глобална спогодба за постепено укинување на индустриски штетните гасови или хидрофлуоројаглероди, кои се користат во ладилниците и климатизерите и многу и штетат на климата.

  • Исправките и решенијата се донесени - информира руандскиот министер за природни ресурси, Винсент Бирута, по пленарната седница на учесниците во преговорите, што траеше цела ноќ.

Според одредбите од спогодбата, земјите се делат во три групи, кои имаат различни рокови за да го намалат користењето на индустриските штетни гасови, изјави Бирута.
Развиените држави, вклучувајќи ги повеќето европски и САД, преземаат обврска до 2019 година  да ги намалат штетните гасови за 10 проценти и до 2036 година да постигнат намалување за 85 проценти.

Останатите две групи држави во развој ќе го замрзнат користењето на хидрофлуоројаглероди до 2024 и 2028 година и потоа постепено ќе почнат да го намалуваат.
Кина има најголеми емисии на штетни гасови во светот, следена од САД, напоменуваат американските медиуми.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет