mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Романија целосно го забрани ловот на кафеави мечки, волци, рисови

Романија целосно го забрани ловот на кафеави мечки, волци, рисови

Типографија

Романија целосно го забрани ловот на кафеави мечки, волци, рисови и диви мачки, пишува британскиот весник "Гардијан" коментирајќи дека ваквата изненадна одлука ја спасува најголемата популација на големи предатори во Европа од најтешката и непосредна закана.

Забраната го запира трендот на привлекување ловци на овие животни, кој расте секоја година откако Романија пристапи кон Европската Унија во 2007. Во последната деценија во Романија ловот е зголемен до индустрија од милиони евра, а ловци од целиот свет плаќаат и по 10 илјади евра за „трофеј“ од Карпатите.

За да постои, индустријата се потпира на дупка во европското право, која дава можност за убивање на дивите животни затоа што претставуваат опасност за луѓето, објаснуваат од романската влада. Согласно Директивата за живеалиштата, сите големи предатори се заштитени во земјите членки на ЕУ. Во исто време државата може да нареди убиство на конкретни животни, ако од нив е нападнат човек или е оштетена приватна сопственост.

  • Со воведувањето на забраната ги враќаме работите на вистинскиот пат според првичните цели на Директивата за живеалиштата - ја објаснува одлуката за забрана на романската влада, министерката за животна средина Кристина Паска-Палмер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет