mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Кока Кола планира да користи 40 отсто зелена енергија

Кока Кола планира да користи 40 отсто зелена енергија

Типографија

Компанијата Кока Кола планира до 2020 година да покрие 40 отсто од своите вкупни потреби за енергија од обновливи и чисти извори, и да рециклира најмалку 40 отсто од својата амбалажа.

Новите цели на компанијата се и да користи рециклирана ПЕТ амбалажа, или амбалажа од обновливи материјали.  Количеството амбалажа треба да се намали за 25 отсто по литар.

Планот на Кока Кола е да вложува најмалку два отсто од својот годишен профит во општествени добра, и да го удвои бројот на вработени што учествуваат во доброволни иницијативи во текот на работното време, односно во такви активности да вклучи 10 отсто од своите работници.

Компанијата се обврзала да ја намали потрошувачката на вода за 30 отсто и индиректната емисија на јаглерод диоксид за 50 отсто.  Таа потсетува дека во изминативе неколку години ја смалила потрошувачката на вода за 2,1 милијарда литри, што е еднакво на по една чаша за секој жител на планетата.  Додава дека во 2015 година вложила 8,2 милиони евра, односно 2,3 отсто од својот профит, во поддршка на заедницата, управување со животната средина, и младински политики, со помош на 230 невладини организации.

Кока Кола има свои капацитети во 28 земји и има вкупно 33.311 вработени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет