ТВ21: Езеро со мртви животни - еколошка бомба

ТВ21: Езеро со мртви животни - еколошка бомба

Типографија

Телевизијата ТВ21 од Скопје со денови ги алармира државните институции дека по неодамнешните поплави во езерце близу селото Арачиново пловат мртви животни кои веќе се распаѓаат и претставуваат голема опасност за населението.

Десетиците удавени овци се на овчар од селото, а како што известува телевизијата, иако ветеринарните служби биле запознаени со проблемот, никој ништо не преземал.

Телевизиската екипа двапати со чамец го посетила местото. Првиот пат угинатите овци се` уште не се распаѓале, но тој процес бил почнат кога се вратиле по една недела.

  • Ако до тука можеше да стигне новинарска екипа, надлежните служби кои на располагање имаат секаква механизација, сигурно ќе стигнеа уште полесно и побезбедно - се вели во прилогот.

Понатаму, се додава дека иако надлежните го игнорирале проблемот, телевизиската екипа ќе продолжела да врши притисок за тој да се реши.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS