mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Типографија

Општината Аеродром и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од петок, 21 јули, почнуваат акција за собирање кабаст отпад од домаќинствата.

В петок ќе се опфатат населбите Ново Лисиче, Реонски центар Аеродром, Лисиче и Горно Лисиче, а в сабота населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, Јане Сандански и 13 Ноември. Граѓаните што имаат кабаст отпад ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради од 7 до 11 часот. Од општината напоменуваат дека може да се отстрануваат делови од мебел, бела техника, електронски апарати и други поголеми предмети од домовите, но со оваа акција нема да се собира градежен шут.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје