Реконструкција на фасади на згради во општина Аеродром

Реконструкција на фасади на згради во општина Аеродром

Типографија

Седум згради во општина Аеродром оваа година ќе добијат енергетски ефикасни фасади.

Ова го најави градоначалникот на општината Ивица Конески за кои, како што рече, од неодамна е објавен тендер за реконструкција на најоштетените објекти на територијата на Аеродром.

  • Станбените единици ќе добијат подобра изолација, а со тоа ќе им се намалат трошиците за топлинска и електрична енергија. Општина Аеродром има план секоја година да врши реконструкција на десеттина згради во делот на фасадите, и очекуваме за неколку години да бидат реновирани сите постари фасади - истакна Коневски.

Соња Лепиткова од Министерството за животна средина и просторно планирање појасни дека во Скопје, но и во Македонија, од неенергетските згради се губи околу 50 отсто од енергијата. Од тие причини, според неа, овој проект е многу значаен, а тие како Министерство ќе им дадат поддршка на сите градоначалници кои ќе почнат ваква акција.

  • Оваа мерка влијае позитивно и на заштитата на животната средина и на намалување на емисии на честички, а од друга страна и намалување на потрошувачката на конвенционални горива кои ги користиме при производството на енергија - вели Лепиткова.

Реконструкцијата на фасадите на станбените згради на улиците Петар Ацев број 9, Фрањо Клуз  број 2, 23 Октомври број 14 и на булеварот АСНОМ број 72, 74, 112 и 114, според градоначалникот Коневски треба да заврши до крајот на годината, а за реализација на овој проект општината издвоила 25 милиони денари без ДДВ.

Од Опшината информираат дека на територијата на Аеродром на околу 50 објекти треба да им се реконструираат фасадите, од кои за 18 веќе се изработени проекти кои ќе се реализираат во наредните години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS