mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Акција за собирање отпадни гуми во Вардариште

Акција за собирање отпадни гуми во Вардариште

Типографија

Околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила собрани се во акцијата во населеното место Вардариште и предадени се на фирма овластена за постапување со ваков отпад.

Акцијата за собирање отпадни гуми во Вардариште ја реализираше комуналната инспекција и инспекција за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба.

На оваа локација, како што соопштуваат од општина Гази Баба, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.

  • Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад - стои во соопштението од општина Гази Баба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје