mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Во Скопје и на сонце не се дише

Во Скопје и на сонце не се дише

Типографија

Денес Скопје осамна во густа магла, а иако подоцна таа се крена сепак загадувањето на воздухот остана на многу високо ниво на ПМ честичките.

Податоците што ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање се од мерните станици Центар, Гази Баба, Лисиче, Карпош, Ректорат.

Но, мерењата направени и објавени на интернет страницата Мој воздух, покажуваат уште повисоко ниво на ПМ честички.

AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во Мој Воздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

После пладне резултатите беа најниски на Гази Баба и тоа 59, потоа беше Ректорат со 89, Центар 93, Карпош 98 и рекордер беше Лисиче со 104 мерни единици.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје