mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Во Кисела Вода собрани 36 кубни метри кабаст отпад

Во Кисела Вода собрани 36 кубни метри кабаст отпад

Типографија

На подрачјето на општина Кисела Вода во акција за собирање на кабаст отпад собрани се околу 36 кубика.

Акцијата е спроведена преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП „Комунална хигиена“.

Со реализицијата на активностите за собирање на кабаст отпад, како што се наведува во соопштението од општината, на жителите на општина Кисела Вода по четврти пат оваа година им беше овозможено да се ослободат од стариот и неупотреблив  мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети.

Општина Кисела Вода, исто така, апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје